10 години Бисер Мора – Меѓународен натпревар на готвачи

by ugostitelstvo.mk
biser mora

По десети пат оваа година, почнувајки од 25ти до 29ти Март ќе се одржи “Бисер Мора 2015”. Пред 10 години овој фестивал има здрушено 20-тина хрватски готвачи додека пак денеска истиот фестивал на истото место може да се пофали со речиси 250 готвачи, во хотелот Svpetrvs ќе се појават готвачи од Хрватска, Македонија, Србија, Словенија и останати. 

бисер мора Посетителите на овој натпревар ќе ја имаат можноста да уживаат во медитеранската кујна, македонската, босанската и српската традиционална храна, готвачите кои ќе бидат присутни на овој настан ќе подготвуваат најразлични јадења, а винариите се очекува да ги покажат нивните најквалитетни вина.

Една од занимливостите на овој настан ќе биде подигање на белото знаме за чистота на морето и плажите во Хрватска со кои можат да се пофалат само неколкумина.  Како и секоја година, покрај натпреварите помеѓу готвачите, настанот вклучува и предавање, дегустација, забавна програма и тематска вечер.

Слични написи