Зошто топлото чоколадо е здраво за консумирање

by ugostitelstvo.mk
топло чоколадо

Пиењето какао или, пак, топло чоколадо може долгите и ладни зимски ноќи да ги претвори во удобно и вкусно задоволство, исто како во детските денови. 

Топлото чоколадо како единствен напиток може совршено да се вклопи во зимските снежни ноќи кога ниските зимски температури ни носат чуството дека зимата ќе трае засекогаш.

Whittard_2_2_11_-0953Историски гледано, чоколадото првично било наменето за пиење наместо за јадење. Првобитно развиено од Маите пред 2.000 години, зачинетото топло чоколадо станало навистина популарен пијалок. Во Шпанија, топлото чоколадо ја има густината на пудинг, а се служи со крофни како утринска закуска, додека, пак, топлото чоколадо во Перу е традиционален дел од Божиќниот појадок.

Но,  дали знаевте дека топлото чоколадо може да биде многу добро за вашето здравје? Овој богат и вкусен пијалок се одликува со природна боја, антиоксиданси и калциум кои ја спречуваат појавата на рак, и тоа во поголема мера од овошјето!

Рецептот за најздравото топло чоколадо вели дека треба да се користи полномасно млеко, или пак, млеко кое содржи 2 проценти маснотии. Млекото се промешува со темно чоколадо и какао во прав а може да додадете и шеќер по ваша желба.

Сепак, ако уживате во чоколадото но сакате да практикувате здрава исхрана, кога купувате чоколадо, потрудете се да го најдете она со највисокото ниво на какао.

 

Слични написи