Чоколадото секогаш било најголем виновник за вишокот килограми, поради своето големо количество на шеќер, а и фактот дека не содржи нутритивна вредности. Сепак темното чоколадо може да биде навистина здраво за конзумирање !
Доколку погледнете во содржината на темното чоколадо ќе видите дека содржи антиоксиданси токму и затоа било користено во традиционалната медицина пред стотици години. Една од состојките на темното чоколадо, какаото содржи железо, цинк, магнезиум, а се користи за да ја подобри менталната функција на човекот. Во продолжение прочитајте ги останатите позитивни работи кои ќе ве измамат да го вклучуте чоколадото во вашиот оброк.
1. Намалување на холестеролот
Доколку сте на диета, а истовремено и спортувате, темното чоколадо може да ви биде совршен помошник во намалување на лошиот холестерол, а зголемување на добриот холестерол.
2. Го снижува високиот крвен притисок
Секојдневното консумирање на мали количини темно чоколадо може минимално да го снижи високиот крвен притисок. Германско истражување покажало дека внесувањето на 30 калории дневно од темно чоколадо го намалува систолниот притисок со 3 mmHg, а дијастолниот со 2 mmHg. Истражувачите веруваат дека тоа снижување се должи на супстанциите флаваноли кои ги има во какаото.
3. Ефект на смирување и релаксирање
Чоколадото произведува серотонин или попознато како хормон на среќата. Серотонинот игра важна улога во контролата на определени телесни функции како сонот, расположението, поведението и сексуалната желба.
4. Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар
Предходно го напоменавме антиоксидансот кој го содржи темното чоколадо, но дали знаевте дека помага во заштита на срцето, подобрување на крвниот притисок, и ги заштитува артериите од стврднување. Секогаш кога ќе се одлучуте за темно чоколадо побарајте го она кое во себе содржи поголемо количество на какао.
5. Го подобрува расположението
Темното чоколадо го намалува стресот, а го поттикнува создавањето на ендорфини, заслужни за засилувањето на чувството на среќа и задоволство.
6. Изобилува со антиоксиданси
Антиоксидансите му се потребни на организмот затоа што успешно се борат против слободните радикали во телото и помагаат во заштитата од рак и кардиоваскуларни заболувања. Истовремено и го забавувааат процесот на стареење.
7. Може да биде сојузник во борбата со вишок килограми
Горчливиот вкус на темното чоколадо го намалува апетитот, за разлика од посветлите млечни чоколада кои дополнително го стимулираат. Неколку коцки темно чоколадо ќе ја задоволат дневната потреба за слатко и на тој начин полесно ќе го контролирате бројот на калории кои ги внесувате со вашата диета.
И за крај не заборавајте….Темното чоколадо секогаш е поздраво од белото, но и двете се калорични храна која потребно е да се конзумира во одредени количини.