Состојки:
- 3 тиквички
- 3 целера
- кромид
- 150 г. грашок
- црвена и жолта пиперка
- желатин
- бибер, сол, масло
Подготовка:
- Зеленчукот исецкајте го и со две лажици масло ставете го во половина литар вода.
- Посолете, побиберете и гответе десет минути, додека не омекне.
- Извадете го зеленчукот , а во супата изматете желатин, претходно разблажен во студена вода.
- Во маса налик на пифтија, лесно додавајте го зеленчукот.
- Ставете го во ладилник барем два часа пред да биде послужено.