Зачинети пилешки крилца

by ugostitelstvo.mk

Состојки

  • 750 гр. пилешки крилца
  • ½ лажичка лук во прав
  • ½ лажичка кумин
  • ½ лажичка лут буковец
  • ¼ лажичка мелен бибер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица маслиново масло
  • 200 гр. лебни трошки
  • • Прелив
  • 100 гр. мајонез
  • 3 кисели црвени пиперки од тегла
  • сок од лимета
  • 1 лажичка оцет
  • ½ лажичка сол

Постапка

Исплакнете ги пилешките крилца под млаз студена вода и исушете ги со хартиена салфетка. Во сад измешајте ги лукот, буковецот, кумин, бибер, сол и маслиново масло. Намачкајте ги убаво крилцата со оваа мешавина од зачини, покријте ги во еден сад и оставете ги во фрижидер да се маринираат најмалку еден час.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Извалкајте ги од сите страни пилешките крилца во лебните трошки. Поставете ги во плех и печете ги во загреаната рерна 20 минути. Потоа превртете ги и печете ги уште 20 мин или додека да добијат златно жолта боја.
Додека се печат крилцата подгответе го сосот. Измешајте ги во блендер пиперките, мајонезот, сокот од 1 лимета , лажица оцет и сол по вкус.
Сервирајте го сосот во длабок сад покрај топлите пилешки крилца.

Слични написи