Варени јајца во сос од домати

by ugostitelstvo.mk

За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:

– 5 јајца
– 400 гр. конзервирани домати
– 50 гр. лебни трошки
– маслиново масло
– сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 20- тина минути.

Во тава за пржење на оган ставаме маслиново масло. Во тавата ги додаваме конзервираните домати. Додаваме околу 100 мл. вода. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме и со лажицата ги гмечиме доматите. Претходно тврдо сварените 4 јајца ги сечеме на половина по должина. Содржината во тавата ја промешуваме. Едно јајце кршиме во подлабок сад. На оган ставаме тава за пржење и во неа маслиново масло и масло за јадење да се загреат. Јајцето го матиме со вилушка и го посолуваме. Ја земаме првата половинка варено јајце и ја валкаме најпрво во изматени јајца, а потоа во лебни трошки. Истата постапка ја повторуваме со сите половинки јајца. Вака подготвените јајца ги ставаме да се пржат на загреаното масло во тавата. Откако ќе се испржат од едната страна јајцата ги превртуваме. Ја тргаме тавата од оган. На оган ја ставаме тавата со сосот од домати. Во тавата ги ставаме испохуваните половинки јајца. Вариме 5 минути. Јајцата ги превртуваме во тавата. Ја тргаме тавата од оган. Со вилушка половинките јајца ги ставаме на даската за сечење. На чинијата за сервирање го ставаме сосот од домати, а врз него ги редиме половинките јајца. Украсуваме со гранчиња француски магдонос. Еден лимон го лупиме во круг и го сечкаме на кругови. Круговите ги сечкаме на парчиња. Парче лимон ставаме на секоја половинка јајце, а од кората формираме цвет со кој ја завршуваме декорацијата на чинијата.

Слични написи