Туристичка промоција на Кокино во странство

by ugostitelstvo.mk

Мегалистичката опсерваторија Кокино, црквите и манастирите од кумановско во март ќе бидат промовирани на три саеми за туризам во Германија, Шведска и Русија. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе ги промовира убавините на Македонија, при што ќе бидат опфатени знаменитости, локалитети, верски храмови од сите региони на земјата.

кокино

“Ја промовираме археологијата, историјата, храната. Ќе биде промовирана опсерваторијата Кокино, како и цркви и манастири каде има сместувачки капацитети. На страницата Македонија вечна самиот турист може да види по региони, во кое место што може да посети и сместувачки капацитети. Секоја година ја презентираме Македонија на 14 саеми“ – вели Никола Ѓошев од Агенција за промоција и поддршка на туризмот“

Досега туристичките потенцијали на Македонија се презентирани во Холандија, Финска, Србија, Бугарија и други земји.

Слични написи