„Цезар“ сендвич

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 2 филети од пилешко бело месо
  • лажичка масло
  • мала главица марула
  • 2 лажици јогурт
  • лажица рендан пармезан + неколку листови за декорација.
  • малку сок од лимон
  • 2 парчиња леб
  • еден лук
  • сол, бибер
  • кубети по желба

Подготовка:

  1. Пилешкото премачкајте го со маслото, посолете и побиберете по желба, а потоа испржете го за загреано масло по 7 минути, секоја страна.
  2.  Исмешајте ги јогуртот, ренданиот пармезан, лимуновиот сок, кубетите а потоа додадете лажица ладна вода. Сето тоа заедно измешајте го и зачинете по желба.
  3. Потпечете го лепчето како тост, па на едната страна ставете малку од лукот, а остатокот од лукот додатете го во преливот од точка 2.
  4. Ставете на лебот зелена салата, па потоа пилекото и прелејте со сос.

Слични написи