Три работи кои не сте ги знаеле за Начос

by ugostitelstvo.mk
начо сирење

Една од состојките кои некои ја мразат, ја сакаат или пак паралелно ја мразат и ја сакаат ! Некои од нив ќе кажат дека е кремаста, со златна боја и зборови како ‘леле колку е хемиски преработена и нездрава’. Но пред се запрашајте се ‘Што всушност е оваа работа’ ? Ова се четирите работи кои најверојатно не сте ги знаеле за Начо сирењето. 

1. Немаат ништо заедничко со оригиналните Начоси

начо

Начосите во нивната оригинална форма и рецепт се многу едноставни, тие се класичен чипс со малку кашкавал. Во минатото, кашкавалот кој се користел било свежо рендано Чердар кашкавал. Ренданиот кашкавач за начосите се користел се додека не почнале да ги произведуваат во големи количини, по големата продажба и побарувачка, Чедарот го користат како и денеска во топена форма.

2. Постои само еден произведувач на Начо кашкавалот 

начоси
Ricos се нарекуваат себеси како „originators of concession nachos“, а продуктот кој го продаваат го нарекуваат „Обработен чедар кашкавал кој е спремен за послужување. Состојките кои се дел од овој производ се: сирење од сурутка, модифициран скроб, масло од соја, чедар кашкавал, натриум, сол, оцет, природни состојки и боја.

3. Производот е популаризиран од Howard Cosell

начо
Според кажувањето на Ricos, начо кашкавалот како што сите знаеме бил претставен на јавноста во 1976 година во Тексас. Во првата година од продажбата овој производ бил голем хит кој заработил 80 илјади долари. Howard Cosell секој понеделник за време на фудбалската вечер за време на своето коментирање го споменувал и овој производ, а му има дадено и национално значење. Сега можете да замислите колку овој продукт е сакан и баран ширум светот.

Слични написи