“Фенси” ресторански термини

by ugostitelstvo.mk
мени

Посетувањето на “фенси” ресторан, особено ако е француски, може да биде многу збунувачки за оние кои не го разбираат јазикот воопшто. Додека го разгледувате менито кое ви е дадено може да биде навистина голем предизвик. За да уживате максимално во француските ресторани за вас издвоивме неколку термини кои ќе ви бидат од голема корист.

À La Carte

Превод: Според менито

1
За да нарачате јадење À La Carte значи да нарачате одвоено од останатите ставки на менито. Кај многу ресторани речиси секое понудено јадење спаѓа во менито À La Carte, но доколку менито има фиксна цена, нарачување на јадење кое не припаѓа на тоа мени значи дека вие дополнително ќе треба да платите.

Amuse-Bouche

Превод: Добродојдовте

2
Одите во посета на елитен ресторан каде се приготвуваат врвни јадења, кратко време по вашето седнување на масата, послужувачот ви носи Amuse-Bouche. Ова е традиционално мало јадење кое е испратено од главниот готвач, а воедно и мал вовед во храната која што гостите ќе ја уживаат.

Foie Gras

Превод: Масен црн дроб

3
Foie Gras e црниот дроб од патка или гуска кој бил специјално замастен преку процес на принудено хранење. Ова јадење додека е топло е богато со вкусови но воедно и сочно. Иако терминот принудно јадење звучи несоодветно, сепак ова е оброк кој се препорачува сите да го пробаат барем еднаш.

Hors D’Oeuvres

Превод: Предјадење

4
Овие мали јадења или закуски се наменети да се јадат со рака. Најчесто се користат, а можат и да се видат на домашни забави или коктели пред да се послужи главното јадење. Едно од познатите јадења од ваков вид е canapé – тенко сечено парче леб врз кое може да се стави димен лосос или кој било месен производ.

Petits Fours

Превод: Мала рерна

5
Petits Fours всушност се мали десерти кои се ставаат на послужавник, а се нудат на сите присутни на масата. Во овој круг спаѓаат малите еклери, мини крофни итн. Многу француски пекари и слаткарници ги продаваат овие десерти како à la carte.

Слични написи