Неколку мали тајни за новопечените, но и искусните готвачи

by ugostitelstvo.mk
готват во кујна

Сеедно дали сте почетник во кујната или готвач со завидно искуство, сепак постојат некои тајни при подготовката на храната што можеби ги знаете, а доколку не, не е лошо да ги применувате. На пример, дали знаете како да го отстраните непријатниот мирис на лукот од прстите, или колку точно време треба да ги варите тестенините, како да направите кадифено пире од компирите и други мали тајни што ќе ви го олеснат готвењето и од вас ќе создадат вистински „мајстор“ во кујната.

[metaslider id=5726]

За време на готвењето, секако, имајте на ум дека рецептот е водич. Опуштете се и експериментирајте, а состојките што не ги сакате, слободно заменете ги со други. На пример, доколку не го сакате босилекот или нането, слободно направете го оброкот со орегано. И секако, пред сервирање, секое јадење вкусете го.

Добар апетит!

Слични написи