Светските готвачи ќе ги спасуваат океаните

by ugostitelstvo.mk
готвачи

Под мотото „Спасете ги океаните – нахранете го светот“,  дваесет реномирани светски готвачи ги здружија силите во кампања за зачувување на океаните и резервите на морски плодови за во иднина.

Кампањата ги повикува 30 те земји кои што контролираат преку 90% од морскиот улов и се со најголемо производство на морска храна во светот, да воведат промени во политиките со што би се регулирал прекумерниот и неконтролиран улов.

[vsw id=”118644347″ source=”vimeo” width=”610″ height=”343″ autoplay=”yes”]

Здружението што ја лансираше кампањата е нареченa Oceana, а е составенa од некои од најзвучните имиња на кулинарската сцена: Andony Luiz Aduriz, Joan Roca, Ferran Adria, Massimo Bottura, Daniel Humm, Ashley Palmer Watts, а меѓу нив и готвачот со македонско потекло Рене Реџепи. Кампањата официјално ќе почне на 17 ти март кога е планирана и средба на врвните светски готвачи во Баскискиот кулинарски центар во Сан Себастијан, Шпанија. Интересно, на средбата ќе присуствуваат сите членови на здружението, освен Рене Реџепи поради неодложни обврски.

Слични написи