Како до совршениот сос од патлиџани

by ugostitelstvo.mk
сос од патлиџан

Ако некогаш сте готвеле со некој поискусен од вас,  веќе сте научиле дека секој рецепт крие некоја тајна во себе, а тоа најчесто можат да бидат чешнињата лук или пак чаша вино. Секој што се занимава професионално со готварството може да ви потврди дека малите количини на сосеви од патлиџан во рецептот може да направи голема позитивна промена во вкусот на јадењето, но прашањето е како да се направи совршениот сос од патлиџан.

1. Подготвувајте го на ниска температура

сос од патлиџан
Колку подолго го пропржувате патлиџанот тој повеќе ќе развива миризба и вкусови. Токму затоа потребно е да го приготвувате на ниска температура и на подолг временски период.

2. Користете вино 

користете вино
Откако ќе завршите со пржење на лукот, кромидот или остатокот од зеленчукот кој ќе го користите за вашиот сос, во тавчето со течностите кои ги испуштиле состојките при пржењето додадете малку бело или црвено вино пропржете на кратко, а смесата која ќе ја добиете измешајте ја со останатите состојки кои ќе ги користите за вашиот сос.

3. Внимателно пржете го лукот

пржење лук
Доколку несакате вашиот сос да има горчлив вкус и вкус на изгорено, лукот кој ќе го користите внимателно пропржете го и внимавајте да не го изгорите. Подолга термичка обработка можете да правите на лукот кој на себе ја има заштитната обвивка, тој можете да го пржите се додека не ја добие златната боја, а по пржењето можете да ја отстраните лушпата и лесно да го испасирате и додадете во вашиот сос.

4. Печење на патлиџаните 

пржете го патлиџанот
Печењето на патлиџанот на ниска температура и подолго време му помага дополнително да развие и испушти вкусови, а тоа е многу лесно вие да го добиете. Доколку немате време да печете или пак да готвите патлиџани за вашите сосеви истите можете да ги најдете во најблискиот супермаркет.

5. Користете кора од кашкавал

користете кашкавал
Доколку користите кашквала со тврда кора како што е Parmigiano-Reggiano, исечете ја кората од кашкавалот, завиткајте ја во пластична фолија и чувајте ја во фрижидер се додека не го подготвите вашиот сос од патлиџан.  Едноставно изрендајте го и додадете го кашкавалот во сосот додека го подготвувате, тој ќе ви помогне да добиете соленкаст вкус.

Слични написи