Состојки:
- 6 јајца
- 6 лажици брашно
- 100 г. ситно сецкана шунка или салама
- ½ лажички сол
- 2-3 тврдо варени јајца
- малку изгмечена сардина
Подготовка:
- Изматете цврст снег од белки, па измешајте една по една жолчка и лажица по лажица брашно.
- Додадете сол, исецкана шунка, исецкани варени јајца и сардина и сето тоа лесно промешајте го.
- Сипете во подмачкана тепсија и печете умерено на загреана рерна на 220 степени 35-40 минути, додека тестото не зарумени и не започне да се одвојува од тепсијата.
- Печената торта оладете ја, исечете ја на парчиња и послужете ја.