Што кажува жолчката за јајцето?!

by ugostitelstvo.mk
жолчка од јајце

Со голема веројатност сите сте виделе и јаделе свежо домашно јајце, со прекрасна портокалова жолчка, и сте се запрашале зошто жолчката на јајцето купено од продавница изгледа толку различно? Дали портокаловата жолчка кажува дека јајцето е поздраво од останатите јајца ?

Од каде доаѓа портокаловата боја ?

јајце

Всушност дали бојата на жолчката е индикатор за здравата или нездрава исхрана на кокошките? Доколку тие јадат повеќе жолто-портокалови каротеноиди или пак природни пигменти, тоа во голема мера ќе влијае на квалитетот и бојата на жолчката. Додека користењето на  вештачки адитиви кои ќе придонесат во подобрување на квалитетот на јајцето и жолчката е строго забрането, сепак на располагање постојат природни пигменти и супстанции како што е цвет од невен, кои можат да се користи во одредени количини.

Нутритивна вредност на потемната жолчка

жолчка јајце

Гледано од страна на нутритивна вредност, жолчката која има темна боја ја има истата нутритивна вредност и хранливи состојки како и жолчката со светла боја. Направените истражувања покажуваат дека јајцата од домашните кокошки се поздрави, содржат повеќе омега-3 и витамини, како и помалку холестерол, наспроти оние од кокошки одгледувани во фарма. Како главен фактор за овие разлики се посочуваат здравата и разновидна исхрана и изложеноста на припродна сончева светлина.

Иако не постои вистински доказ дека бојата на жолчката е директно поврзана со вкусот, сепак некои луѓе тврдат дека потемната жолчка е многу повкусна.

Што мислите вие ? Дали жолчката со потемна боја има подобар вкус ?

Слични написи