Состојки:
- 700гр. цвекло
- 60мл. маслиново масло
- 1 лажица вински оцет
- сол и бибер
- прстофат шеќер
- 1 1/2 лажица, сецкан магдонос
- 30гр. крупно сецкани ореви
- 40гр. сирење, изронето
Постапка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете го цвеклото во тава за печење. Прелијте го со една лажица масло и печете го 1 час.
- Оставете го да се излади 15 минути. Излупете го печеното цвекло и исечете го на коцки.
- Во сад измешајте го остатокот од маслото со оцет, шеќер, сол и бибер. Додадете го магдоносот и промешајте го. Со овој прелив зачинете го цвеклото.
- Врз цвеклото изронете сирење и додадете ги сецканите ореви. Послужете ја салатата веднаш.