Првата Светска конференција за туризам и култура, под покровителство на UNWTO и UNESCО

by ugostitelstvo.mk
ugostitelstvo.mk

Првата светска конференција за туризам и култура ќе ги собере, по прв пат, министрите за туризам и министрите за култура од целиот свет, експертите и носителите на активностите од овие сектори со цел да истражат нови модели на партнерство меѓу туризмот и културата (Siem Reap, Камбоџа, 4-6 февруари 2015).

Културниот туризам може да придонесе за инклузивен економски раст, социјален развој и заштита на културното наследство. Првата светска конференција за туризам и култура ќе обезбеди глобална платформа за креаторите на политиката, експертите и практичарите од областа на туризмот и културата, со цел исполнување и  идентификување на клучните предизвици и можности за посилна соработка меѓу овие две взаемни тесно поврзани области.

Учесниците на конференцијата ќе ги истражуваат различните улоги и мандатите на петте клучни теми – моделите на управување и партнерство, заштита на културното наследство, живите култури и креативни индустрии, патиштата на културата и урбаното обновување преку културниот туризам.

Камбоџа Конференција

Потврдени говорници се кралот Симеон Втори, Насир Абдулазиз Ал Насер, високиот претставник на ОН од Алијансата на цивилизации, Џон Деланеј и Елизабет Бејкер, наградуваниот автор и поранешен дописник на Њујорк тајмс.

Генералниот секретар на UNWTO Талеб Рифаи за настанот изјави: “Овој настан ќе обезбеди единствена можност за развој на туризмот и културата преку учесниците од сите региони на светот и е единствена можност да се сретнат и разговараат за тоа како понатаму да се искористи моќта на туризмот и културата со цел намалување на сиромаштијата, зголемување на бројот на работни места, заштита на културното и природно наследтсво со промоција на меѓународното разбирање.

Ирина Бокова, генералниот директор на УНЕСКО вели: “Културата го обликува нашиот идентитет и начин за поттикнување на почит и толеранција меѓу луѓето. Ова е исто така начин да се создадат милиони работни места и воопшто подобрување на квалитетот на животот на луѓето и можност за зајакнување на меѓусебното разбирање. Заштитата на културното наследство треба да се движи напред со одржливиот туризам, што е суштинската порака на оваа конференција. Оваа визија ги води нашите напори за унапредување на културата, како двигател и поттикнувач на одржлив развој, и е особено важно во ова време на промени, кога земјите треба да се стремат за создавање агенда за нов глобален одржлив развој “

Слични написи