Неколку практични начини за подготовка на зеленчук

by ugostitelstvo.mk
ugostitelstvo.mk

Нема дилема дека зеленчукот е  составен дел од безмалку секое јадење, а не ретко и главен оброк. Богат со витамни, минерали и се што му е потебно на организмот за правилно функционирање, зеленчукот треба да биде на пиедестал во домашната кујна.

Постојат различни начини на подготовка на зеленчукот, свежо сечкан како салата, варен, обарен, обработен на пареа, пржен, динствуван, печен во рерна или на скара, пасиран како пире и што ли уште не. Ограничувања нема! Во продолжение ви нудиме неколку практични совети, како да си го подготвите омилениот зеленчук.

Варен зеленчук – во зовриена солена вода се додава зеленчукот и се вари до омекнување. Што помалку вода, тоа подобро. Водата се цеди, а зеленчукот се зачинува. Вариво може да биде каков било зеленчук што се вари во помала количина вода или динствуван зеленчук и поврзан со светла или темна потпршка. Варивата може да бидат подготвени од еден или од повеќе видови свеж, замрзнат или конзервиран зеленчук. Таканареченото Фино вариво се подготвува од грашок, компир, морков, карфиол и печурки. Во вегетаријанската кујна, варивата се сметаат за главен оброк.

www.ugostitelstvo.mk

Динствуван зеленчук – се пржи на масло и се долева со бујон од зеленчук или од месо.

Пире од зеленчук – варениот зеленчук се пасира, се зачинува. Пире се подготвува од секаков вид зеленчук, но најчесто од компир, спанаќ, морков, грашок, грав, леќа…

Глазиран зеленчук – варен зеленчук прелиен со путер и шеќер, се пече во загреана рерна, а со цел да добие убав изглед. Најпогодни за глазирање се морковот, спанаќот во цели листови, репката, карфиолот…

www.ugostitelstvo.mk

Гратиниран (потпечен) зеленчук – зеленчукот се вари, се реди во тава, се прелива со Морнај сос (бешамел сос во кој што се додадени жолчка од јајце, павлака, рендано сирење и растопен путер), или со основен млечен сос и рендано сирење и се става во загреана тава да се потпече.

Пржен зеленчук – може да се подготвува на два начина:

  1. Зеленчукот да се исече на парчиња, да се зачини, да се натопи во млеко, да се извалка во брашно и да се пржи на масло. На пример, домати, тиквички, компир…
  2. Зеленчукот да се исече на парчиња, да се зачини, да се панира и да се пржи во сад со многу масло. На пример, домати, целер, карфиол…).

Зеленчук печен на жар – Зеленчукот се премачкува со масло и се става на жар да се пече. Најчесто на жар се потпечуваат пиперките, доматот и модриот патлиџан.

Зачинување на зеленчукот

Зеленчукот најчесто се користи како прилог со јадењата од месо, но независно од тоа, може да се зачини. Па така, варениот зеленчук може да се зачини на неколку начини.www.ugostitelstvo.mk

  • Англиски начин: врз варениот зеленчук се ставаат тенки листови путер.
  • Француски начин: зеленчукот се загрева на путер
  • Полски начин: зеленчукот се посипува со лебни трошки пржени на во путер, со тврдо варени сечкани јајца и се полева со жежок путер.
  • Далматински начин: се полева со маслиново масло кое содржи сецкан лук и мафдонос.
  • Милански начин: врз зеленчукот се ренда пармезан, се полева со маслиново масло и се потпечува.

Можете во кое било време од годината да подготвувате каков било зеленчук, затоа што ако го немате свеж, го имате во сушена, замрзната или во конзервирана варијанта. Сепак, најдобро е доколку подготвувате свеж зеленчук, типичен за сезоната…

Слични написи