Пилешко со мед и бадеми

by ugostitelstvo.mk
печено пилешко

Состијки:

  • 300 гр. пилешко филе
  • 3 лажици мед
  • 2 лажици сок од портокал
  • 2 лажици маслиново масло
  • 60 гр. излупени сурови бадеми
  • малку црвен пипер
  • сол и бибер по вкус

Подготовка:

Се мешаат медот,сокот од портокал, маслото и црвениот пипер. Во оваа смеса ги потопувате убаво пилешките филеа. Така натопени во сосот, ставете ги во тава која предходно ќе ја покриете со алуминиумска фолија.

Дотурете го сосот што ќе ви остане, и додадете ги бадемите сечени на покрупни парчиња. Покрите ја тавата со алуминиумска фолија. Пилешкото се пече 30-40 минути на 200°C. После тоа горната фолија се отстранува и печете уште 10 минути, додека  бадемите  заруменеат.
Можете да го послужите со едноставен бел ориз, или салата по вкус.

Слични написи