Пет закуски за десет минути

by ugostitelstvo.mk

Кошмарот на секој домаќин се изненадните гости, но тука непотребно е да се нервирате ! Понудете им пијалок секако ставете си пијалок за вас, завиткајте ги ракавите и одвојте 10 минути за да ги изненадите вашите гости со брз апетајзер. 

1. Prosciutto-Wrapped Bread Sticks

IMG_1304

Со овие италијански стапчиња не можете да погрешите, потребно ви е само парце пршута кое ќе го замотате околу крцкаво парче леб или пак соленка. Доколку немате пршута во моментот, можете да употребите било какво тенко исечено парче месо како што е шунката или сланината. Оваа закуска е “лапни-голтни” па токму затоа се послужува во плиток сад.

2.Pea Pesto

201404-omag-springfood-4-949x534

Независно дали имате свеж или замрзнат грашок тој секогаш може да биде дел од вашата брза закуска. Потребни состојки покрај грашокот ви се, 2 чаши грашок, 2 чешнииња лук, 25 грама пармезан и 2 супени лажици мелени ораси. Во блендер заедно со маслиново масло измешајте ги сите состојки се додека не добиете убава и густа смеса. Со оваа смеса можете да послужите крекери или кришки од француско лепче, ви гарантираме дека децата па дури и возрасните ќе бидат воодушевени од оваа зеленчукова закуска.

3.Marinated Olives

Marinated-Olives-1-800

Маслинките се првата и вистинска одбрана од гладните гости, додека сте во подготовка на главното јадење послужете маслинки во длабок сад за да ги заситите вашите гости со ова солено овошје. Направете еден чекор понапред во вашата подготовка на брзи закуски, користете ги маслинките како прилог на црвени печени пиперки, маринирани печурки и останати производи кои се лесни за подготовка.

4.Salmon Roll-Ups

d0fd615d-6278-4ce4-9046-50a1b2c87a76

Чадениот лосос е многу повеќе од риба кога ќе го искомбинирате со вкусна солена палачинка или зачинета тортилја. Проширете ја подготовка со избирање на меко крем сирење, сето тоа зачинете го малку сол и свежо мелен црн бибер. За време на подготовката откако ќе го намачкате сирењето на тортилјата или палачинката изрендајте кора од лимон, а врз истата ставете неколку парчиња од лососот. Палачинката се сече на 4 или 5 парчиња. Совршена закуска за вашата мала забава.

5.Ricotta and Honey Crostini

dsc_0618

Доволно вкусно за десерт, комбинацијата на свежа рикола и мед ја зголемува совршеноста на оваа закуска приготвена во последен момент. Крцкавиот крекер премачкани со сирење со вкус на рукола, проследени со малку мед за да добиете слатко-солена закуска. Доколку руколата не е достапна во вашиот фрижидер слободно можете да користите крем сирење или павлака.

 

Слични написи