Омлет Капрезе

by ugostitelstvo.mk
омлет

Брзо, лесно и вкусно! Омлет инспириран од познатата Капрезе салата. За да го подготвите овој омлет ќе ви бидат потребни:

Состојки:

(за 2 порции)

  • 1 топка свежa моцарела
  • 2 средни домати
  • 4 големи јајца
  • 1/4 чаша млеко
  • Сол и црн бибер, по вкус
  • Малку свеж босилек
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата,  додадете го млекото, посолете по вкус. Исечкајте ги на парчиња моцарелата и доматите. Убаво загрејте го тавчето со маслото. Истурете ја мешавина од јајцата и одозгора додадете ги доматите и моцарелата. Пржете неколку минути, и потоа  за омлетот да биде зготвен од сите страни, ставете ја тавата во загреана рерна и потпечете 10-12 минути, додека не зарумени. Се служи веднаш со свеж босилек и парчиња пршута.

Слични написи