Од печен компир до комплетен оброк

by ugostitelstvo.mk
полнет компир

Ефтини, лесни и брзи за подготовка, компирите најчесто може да се одличен оброк, доколку се додадат неколоку дополнителни состојки можат да го направат печениот компир во комплетен оброк кој е подготвен за само неколку минути.

1. Baked Potato Bagel

полнети компири
Измешајте ја слатката павлаката со малку копар и сок од лимон. Откако компирот ќе се испече оставете го да се олади неколку минути, пресечете го на половина и додадете ги парчиња од пушениот лосос, кромид, а сето тоа дополнете го со павлаката.

2. Chili

полнети компири
Многу сличен оброк како лутиот хот-дог, сепак овој полнет компир е комплетен и возбудлив евтин оброк. Најважно е да не заборавите да ги вклучите во оброкот кругчињата од свежо сечкан кромид и крем сирењето.

3. Mexican Style

полнети компири
Претворете го досадниот компир во ‘fiesta’. Полнете го компирот со парчиња авокадо, гравче, салца сос и декорирајте со магданос. Како дел од подготовката секогаш е добро да се користи слатка павлака и рендан кашкавал за да добиете комплетно гламурозна слика од вашиот оброк.

4. Sausage and Peppers

полнети компири
Оваа класична Италијанско-Американса комбинација како главни состојки ги има итаијанскиот колбас и потпечени лути пиперчиња. Овој пикантен оброк  се да се служи топол.

5. Stuff it With Mushrooms

полнети компири
Секогаш печурките се добра замена за месото доколку го немате во моментот. Измешајте повеќе сорти на печурки со малку сол, црн мелен пипер и малсиново масло. Ставете ги состојките во тавчето да се печат паралелно додека се пече и компирот. По печењето наполнете го компирот со печурките и уживајте.

Слични написи