Од каде доаѓа Цезар Салатата

by ugostitelstvo.mk
цезар салата

Оваа салата е креација на Caesar Cardini италијански емигрант кој бил сопственик на ресторани во Мексико и Америка. Cardini живеел во Сан Диего но поседувал ресторан во во Тијуана.

Според кажувањата на неговата ќерката, Роса, Caesar на 4ти Јули 1924 година останувал без намирници во својата кујна, поради големата посетеност во нивниот ресторан, за да ги задржи гостите, Caesar со преостанатите состојките подготвил салата која подоцна се покажала како многу  барана.

цезар салата
Сепак постои уште едно кажување од страна на партнерот на Caesar, оваа салата првично била направена за Американски воздухопловец од Сан Диего, а токму и затоа салатата била наречена “Aviator’s Salad”. Alex братот на Caesar ја потврдил оваа информација. Сепак дилемите околу името и рецептот продолжуваат и понатаму, но едно е сигурно, а тоа е дека оваа салата не е крстена според Римскиот Император Caesar.

цезар салата
И покрај многуте рецепти и вариации кои денеска можат да се најдат токму за оваа салата едно е сигурно. Оригиналната рецепта за Цезар салатата или пак “Aviator’s Salad” како што рекол братот на Caesar, никогаш не користела парчиња риба, тој вкус бил надополнет со специјален сос. Но ќерката на Caear во 1970 година рекла дека оригиналниот рецепт вклучувал цел кочан марула кој се јадел со раце и користеле меко варено јајце како и италијанско маслиново масло.

Слични написи