Како да подготвите совршено пире

by ugostitelstvo.mk
пире

Сезоната на компири е во полн ек, иако за неговото величество Компир нема погрешно време. Тој е совршен прилог кон многу јадења, меѓутоа неколку грешки може да ве спречат да уживате во овој специјалитет одомаќен во секое домаќинство. За подоготовка на пире кое нема да биде лепливо и невкусно а вашите гости ќе посакаат чинија повеќе, проследете ги следните совети:

1.Одбирање соодветен тип компири

potato3-medium
Изберете компири со поголема содржина на скроб.  Од производите што се нудат на нашиот пазар, најдобро е да ги бирате жолтеникавите плодови.  Црвените и белите сорти компир се попогодни за пржење.

2.Рамномерно сечење


Компирот нема подеднакво да биде сварен доколку пред готвењето сте го исекле на нерамномерни парчиња. Затоа секогаш потрудете се исечените делови да бидат со приближно еднаква големина.

3.Не солете ја водата


Пред варење на компирите, во садот со водата не ставајте сол, во спротивно ќе добиете скробни гранули нацицани со вода. Затоа секогаш посолете дури на крајот, во финалниот производ.

4.Не ставајте го компирот во жешка вода


Покријте ги компирите со студена вода, покријте и полека загревајте до вриење а потоа намалете ја температурата на ринглата.  Ако процестот на варење го поченете со жешка вода, компирите ќе се варат нерамномерно, надворешниот дел ќе се распаѓа а дел од внатрешноста ќе остане жива.

5.Додатоците да не бидат студени


Пред да ги додадете млекото и путерот, претходно извадете ги од фрижидер и оставете да добијат собна температура. Така тие нема веднаш да ги изладат компирите полесно ќе се соединат.

6.Не користете миксер или блендер


Компирот е полн со скроб а скробот не трпи прекумерна обработка. Доколку за мешање користите миксер или блендер, како резултат ќе добиете леплива густа смеса а што е спротивно на очекуваниот ефект, пире со лесна и растресита структура. Затоа е најдобро пасирањето да го правите рачно, со кујнска жица или решетка, а ако немате, тогаш подобро изгмечете со вилушка отколку да користите помагало кое сосема ќе го упропасти вашиот финален производ. Сепак, во мешањето и гмечењето не претерувајте. Додека ги додавате путерот и млекото, доволно е само нежно да промешате.

7.Не додавајте премногу течност


При додавање на млекото не претерувајте, целта е да се добие пире а не чорба од компир. Користете го вашиот омилен рецепт, но, пред да досипете млеко проверете ја конзистенцијата на пирето. Доколку сте претерале со млекото, додадете уште некој варен компир.

8.Посолете на крајот


Солта додајте ја секогаш на самиот крај, во зависност од вашиот вкус или афинитетите и потребите на вашите гости. Секогаш подобро помалку, лесно е да се досоли.

9.Подгответе го пирето непосредно пред послужување


Никогаш не го подготвувајте пирето долго време пред неговото послужување, тоа со стоењето ќе добие вкус на картон и ќе се пресуши. Затоа, доколку сте кнап со време и е потребно подготвките да ги извршите доста порано, сварените компири ставете ги во сад на топло а мешањето и додавањето состојки направете ги пред да го послужите јадењето.  Доколку пирето пред послужување сепак се изладило, подгрејте го во сад на водена пареа.

Слични написи