Направете свој периоден систем од зачини

by ugostitelstvo.mk

Зачините во вашата кујна се во тотален хаос, а сето тоа ви го отежнува времето кое секојдневно го поминувате подготвувајки храна за вашите најблиски. Ова е еден интересен план кој ќе ви помогне да ја организирате вашата кујна.

неорганизација
Подредувањето на зачините на периодна маса е еден од можните начини да го организирате нередот во вашата кујна, но сето тоа ќе завземе само дополнително место, кој можеби моментално го немате на располагање. Доколку имате шкавче кое е во полу-кружна форма, а истот незнаете како да го искористите, ова е совршениот план за вас.

Како за почеток потребно е го испечатите периодниот систем на зачини.

зачини
Потоа направете полукружни полици според димензиите кои ви се потребни, секако и со довелен меѓу простор за да можете слободно да ги извадите и вратите зачините на своето место.

полици
Откако го оспособивте плакарчето, залепете го системот внимателно на средина и на страните.

системот во плакарцето
По успешното поставување на периодниот систем, сега потребно е да ги наредите полиците, а и истите да се надополнат со зачините, за конечно да имате организирана и малку поразлична кујна.

зачини во плакарче

Крајниот резултат е совршен, навистина интересо и несекојдневно. Сега работата во кујната ќе ви биде многу полесна и возбудлива. Уживајте додека готвите.

Слични написи