Подготовката на супа можеби изгледа како лесен процес кој бара само вода, зеленчук, зачини и месо, сепак патот до совршената супа не е толку едноставен. При подготовката, многу од нас прават грешки за кои не сме ниту свесни.
- Готвење на висока температура
Поради желбата ручекот да биде готов во најкратко време, многу од нас супата ја варат на висока температура, во тој случај месото може да биде суво, а зеленчукот преварен. Дали некогаш сте се запрашале како од сите намирници во супата да се извлече максималниот вкус ? Одговорот е – супата секогаш треба да се вари на минимална температура, односно да се “крчка”.
2. Недоволно сол
Ништо не е толку битно како содржината на сол во супата. Додека ја подготвувате, супата посолувајте и промешувајте ја се додека не го добиете посакуваниот вкус. Кога се работи за зачините, никогаш не се потпирајте на рецептите, верувајте им на своите сетила.
3. Доволно количество на вода
Честопати многу од нас покрај зеленчукот во супата ставаат пилешка или говедска коцка, но и без нив супата секогаш може да биде со одличен вкус. Супата направена само со вода, правите зачини и зеленчук може да има изненадувачки добар вкус.
4. Преварен зеленчук
Уште на самиот почеток во тенџерето со месото се подготвува и зеченчукот, тоа е уште една грешка која се прави од самиот почеток,а сите треба да ја избегнувате. На зеленчукот, како дел од секое јадење, потребно му е минимално време на подготовка во споредба со месото.
5. Несоодветни зачини и зеленчуци
Експериментирањето со зачините секогаш изгледа како голем предизвик, сепак внимавајте и не претерувајте со мешање на зачините. Иако знаеме дека зачините можат да го направат вкусот на супата неодолив, најкористените и препорачани зачини за користење се мелениот бибер, билки или ренданиот пармезан. За крем супите одличниот додаток е јогуртот, павлаката, а можете да се обидете и со семки од печена тиква.