Македонија домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“

by ugostitelstvo.mk

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија одржа прес конференција на која објави дека Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во Мај, 2016 година. Конференцијата ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија, и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA). На прес конференцијата се обрати Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, Христијан Делев, заменик министер за економија на РМ, и Крис Дојл, извршниот директор на АТТА за Европа.


„По неколкугодишен ангажман во бројни балкански дестинации и лично искуство со интернационалниот туристички потенцијал на овие новоразвиени дестинации од светска класа, Интернационалната асоцијација за активен туризам ги здружи силите со Македонија за заеднички да ја одржиме првата европска регионална конференција за активен туризам. Настанот е наречен „ AdventureNext – Balkans “ и ќе привлече околу 300 лидери и носители на одлуки од областа на туризмот, вклучувајќи и дел од најзначајните интернационални туроператори и медиуми,“ изјави Крис Дојл, извршниот директор на АТТА за Европа.

„Тридневната „AdventureNext – Balkans“ конференција ќе ја интензивира соработката меѓу чинители од балканските земји во областа на туризмот со цел зголемување на достапноста на културите и природните туристички ресурси на регионот, како и обезбедување на квалитетна испорака на туристички услуги. Развојот на активниот туризам ќе доведе до значителни економски бенефиции за Македонија затоа што активните патувања се најбрзо растечкиот сегмент од светската туристичката индустрија. Македонија е една од земјите која го гледа туризмот како прироритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно-историските споменици кои привлекуваат многу домашни и странски туристи. Според прогнозите на Светскиот совет за патувања и туризам (World Travel и Tourism Council – WTTC) балканските држави ќе претставуваат 6-та дестинација според привлечност/атрактивност во светот“, изјави Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ.

По завршувањето на прес конференцијата беше одржана презентација пред сите чинители од областа на туризмот во Македонија со цел споделување на детални информации за европската регионална конференција за активен туризам, отворање на можности за нивно вклучување во конференцијата, како и нивно вмрежување за реализација на долгорочните стратешки цели за оддржлив активен туризам во Македонија и на Балканот. На презентацијата и работниот состанок исто така беше најавена обуката „АТТА AdventureEDU“ која ќе се одржи на 27 и 28 март оваа година и чија цел ќе биде подготовка на чинители од областа на туризмот за одржувањето на европскиот регионална конференција за активен туризам.

Превземено од Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Слични написи