Пет лекции за подобар готвач

by ugostitelstvo.mk

Независно дали сте професионален готвач или пак само сакате да ги изненадите вашите сакани, ви презентираме неколку основни техники кои ќе ве направат подобар готвач. 

1. ФИФО

намирници
Сигурно се прашувате што е ФИФО! Во кујната има едно правило кое треба секогаш да се почитува, а тое е “first in, first out” – идеата е дека постарите продукти секогаш треба први да се искористат кога подготвувате било каков оброк. Откако ќе завршите со купување на намирниците истите ставете ги на карјот од фрижидерот, а постарите секогаш треба да останат напред за да бидат искористени. Со овој метод ќе заштедите пари затоа што намирниците ќе бидат искористени пред да им истече рокот.

2. Како да исечете кромид 

сечкање кромид
Кромидот е една од најчестата  состојка во секое јадење, но со својот тркалезен облик за неискусните готвачи може да биде голем проблем. Најбезбедниот и сигурен начин да го излупите кромидот е прво да го пресечете на пола. Потоа пресечената половина ставете ја на даска, свиткајте ги прстите навнатре и внимателно сецкајте.

3. Како да држите готвачки нож

готвачки нож
Кога користите професионален готвачки нож (нож кој сите љубители на готвењето го имаат во својата кујна) потребно е да го држите горниот дел од сечилото со палецот и показалецот. Потоа со останатите прсти фатете го остатокот од дршката но не премногу силно, на тој начик ќе добиете поголема контрола врз ножот.

4. Како да направите домашни тестенини од нула

подготовка на тестенини
Со ништо друго неможете да се претворите од “домашен готвач” во “супер домашен готвач” како што се домашните тестенини од нула. Можеби изгледа застрашувачки, но тестенините можат да се подготват за миг со само две состојки (брашно и жолчки), а не бараат никакви специјални готвачки алатки.

5. Како да испечете пиле 

печење пиле
Независно дали е крцкаво печен копан или пак цело печено пиле, за да добиете вкусно крцкаво и сочно пилешко месо, потребно е рерната да биде загреана на 100 степени целзиусеви, но не повеќе. Оваа температура е препорачана со цел да се задржи сочноста на месото и подеднаквото печење.

 

Слични написи