Јунешки гулаш со пиво

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 1 кг. јунешко месо
  • 5 главици кромид
  • 2-3 лажици брашно
  • 100 мл. зејтин
  • ловоров лист
  • зачин Ц,бибер
  • сол, 200 мл. пиво

Подготовка:

Месото исечете го на коцки, извалкајте го во брашното и ставете го да се пржи во загреан зејтин. Додадете го исецканиот кромид и пржете го заедно со месото. Додете го зачинот, солот, биберот и ловоровиот лист и на крај додадете го пивото. Додадете вода и оставете го јадењето на тивок оган додека месото не омекне. Гулашот послужете го со печен компир или тестенини.

Слични написи