Избегнете ги овие појадоци

by ugostitelstvo.mk
појадок во кревет

Појадокот е најбитен и најздравиот оброк во целиот ден. Со појадокот го будиме организмот и го подготвуваме за напорните часови кои се пред нас. Дали сакате да го започнете денот со вкусна и здрава храна, а на телото да му дадете енергија ? Доколку го сакате тоа избегнете ги овие три појадоци. 

Овошни сокови 

овошни сокови
Иако на многу од соковите пишува дека се природни тие се преполни со шеќер и адитиви. Ваквиот напиток моментално ќе ви даде енергија но таа многу кратко ќе трае. Најбитниот дел кој ви е потребен во доручекот е големата нутритивната вредност која овие “природни” сокови ја немаат. За да ја надополните нутритивната вредност посегнете по свежо овошје кое содржи влакна потребни за регулирање на варењето на храната.

Пекарски производи и бели печива

пекарски производи
Колачите, печивата и сите лиснати теста кои ги купуваме од најблиската пекарница се топли, полни и навистина заситуваат, но исто така овие производи често во себе содржат  голема количина на адитиви, сол и шеќер која воопшто не е добра комбинација за почеток на денот.

Солените печива ја  задржуваат водата во организмот, а лиснатите теста се масни, тешко се варат и се сиромашни со нутритивна вредност која на организмот му е потребна за нормална работа. Доколку сакате денот да го почнете со печива, одберете го она кое содржи интегрални житарици со млечен намаз, путер или мармалад.

“Ѕидарски” појадок

ѕидарски појадок

Ѕидарскиот појадок, подразбира масна, тешка и калорична храна надополнета со пржени јајца и сланина, бел леб или масна салама премачкана со мајонез или слични масни намази. Доколку не работите тешка физичка работа овој појадок воопшто не е потребен да го конзумирате, поради тешкото и слабо варење. Големата количина на маснотија секогаш завршува како масно ткиво, а вашиот организам нема да добие никаква нутритивна, витаминска вредност, минерали и влакна кои ви се потребни. Доколку сте љубители на јајца најдобро би било да ги конзумирате со ‘ржан леб и шолја чај.

Слични написи