Храна од која станувате зависник

by ugostitelstvo.mk

Зошто е толку едноставно да ги прескокнете зеленчуците, а е премногу тешко да се откажете од брзата храна, чоколадото полно со лешници и останати нездрави навики, ова се најчестите нездрави и брзи навики во исхраната.

Леб и тестенини

леб и тестениниЈадењата полни со јагленхидрати како што е лебот и тестенините го стимулираат лачењето на допамин кој предизвикува чуство на задоволство и релаксираност. Токму поради допаминот кој го стимулира центарот за опуштање во мозокот, човековото тело станува зависно и постојано ги конзумира овие јадења.

Чипсови и солени закуски 

чипсовиСолта е еден од петте основни вкусови кои ние можеме да ги почувствуваме. Да, точно е дека солените не толку здрави закуски се навистина добар избор додека гледате филм или сте во друштво, но повторно си поигурвате со мозокот и му нудите задоволство, а и го наградувате со секое следно парче вкусен и екстра солен чипс. Секако, никој не би престанал да прави нешто кое што му претставува задоволство, а вашиот мозок во целост се согласува со тоа.

Чоколадо

чоколадо
Чоколадото без разлика дали е бело, со лешници или темно, сите стимулира лачење на серотонин во нашиот крвоток што не прави неизмерно среќни. Истражувања покажале дека многу жени имаат потреба од голема количина на чоколадо која се појавува во одреден дел од месечот, истото ја потврдува тезата дека чоколадото има директна врска со хормоните.

Компири

компири
Дали некоаш сте се обиделе да земете само едно компирче или пак две, а во наредниот момент да се свестите дека сте изеле цела чинија? Сигурно се прашувате зошто е тоа така, одговорот е едноставен. Во процесот на подготовка единствениот зачин кој се користи во големи количини е сол и го добивате истиот резултат како и со солените закуски.

Кашкавал

кашкавалКашкавалот е вкусен нормално, секако сите ќе се согласите, но сепак не е тоа причината зошто сакате постојано да го јадете. Едно истражување од 1981 година откри дека млекото содржи мал процент на морфиум, со тоа е застапен и во кашкавалот и го стимулира мозокот и центарот за задоволство.

Брза храна 

брза хранаМаслото за јадење како и останатите напоменати состојки допира до центарот за задоволство и кое го подобрува расположението кога ќе го вкусите тој сочен и масен сендвич, а особено кога сето тоа ќе го надополните со зачините компирчиња вие се чуствувате најубаво на цел свет и се предавате на мрсните, солени и крцкави задоволства.

Слични написи