Хотелски телевизори – што гостите сакаат да видат

by ugostitelstvo.mk
хотели и телевизори

Во свет каде интерентот е достапен секаде, а телефонските уреди се водич за туристите каде и да одат, колку е релевантен хотелскиот телевизор во понудата за гостите и што тие сакаат да гледаат за време на нивниот престој ?

Начинот на кој гостите го користат телевизорот се менува, затоа хотелите треба да го променат телевизискиот сервис за да ги задоволат потребите на гостите, а и да го задржат профитот на хотелот.

Што гостите очекуваат од својот хотелски телевизор 

Pay per view (Плати па гледај)

хотели и телевизори

Со провајдерите како Netflix, Hulu и HBO, на гостите им се достапно преку нивните мобилни уреди или компјутери листа со сите светски филмови и серии, а потребно е само бежична интернет вркса, дали вреди да се плати во хотело 12 долари за филм кој може да се гледа само еднаш.

Стари и мали телевизори 

Осумдесет проценти од светската популација во своите домови имаат телевизори со висока резолуција, а просечната големина е 50 инчи или поголеми. Доколку несакате вашиот гостин да си помисли дека вашиот хотел е навистина ефтин или да му разбудите сентименталност и сеќавања, телевизорот со мала резолуција не е вистинскиот избор.

Што гостите очекуваат и сакаат од телевизорот во нивната соба

Споредбено со работите кои гостите не ги сакаат од својот телевизор, барањата за нивниот хотелски телевизор е нешто повеќе од една познат светска телевизиска серија.

Телевизор со висока резолуција

www.ugostitelstvo.mk

Истражувањето спроведено од Hilton Worldwide покажа дека гостите секогаш сакаат соба која нуди телевизор со висока резолуција. Телевизорот како една од побитните работи во домовите, а секако и во хотелските соби, доколку сакате гостинот да се чуствува како дома во вашиот хотел понудете им паметен телевизор со висока резолуција.

Се соменваме дека барањето за паметен телевизор во хотелските соби ќе исчезне од листата на желби на вашите идни гости, сепак потенцијалот од модерен и интерактивен телевизиски сервис е значаен. Независно дали вашите гости гледаат телевизија или не, користете го телевизорот за промовирање на дневна програма и информации кои ќе им го направат нивниот престој многу попријатен.

Слични написи