печење

Во кулинарскиот речник постои еден израз – Au Gratin, што се однесува на јадење  печено со сирење и зачинети лебни трошки. Бојата која треба да ја добиете додека го подготвувате јадењето треба да биде златеста, а тој ефект можете да го постигнете само со печење на одредена температура.

Еден популарен рецепт кој се подготвува во овој стил е Potato Gratin. Но и зеленчуците како карфиолот, боранијата, модриот патлиџан или доматите можете да ги искористите за подготовка на јадење на au gratin начинот. Рибата и морските плодови понекогаш се користат за да го надополнат вкусот на јадењето.  За некои рецепти кои вклучуваат зеленчук,  прво потребно е да го подварите зеленчукот, а потоа да го ставите во рерна и да го печете. Еве на пример земете карфиол, пропржете го во маслиново масло и морска сол, а потоа печете го во тавче на 250 степени околу 20 минути.

ау гратин
Откако ќе завршите се првото печење, префрлете ги во плиток сад за печење. Врз карфиолот изрендајте сирење. На крај  декорирајте со лебни трошки измешани со пармезан и малку пропржени на путер. Потоа парчињата карфиол ставете ги повторно да се печат се додека не добиете златеста боја.  Уживајте.

Слични написи