Да се биде во движење: Хотели со модуларни елементи

by ugostitelstvo.mk
ugostitelstvo.mk

Благодарение на модуларниот дизајн, овие хотелски соби лесно се пренесуваат од едно место на друго, може да бидат наредени една врз друга и се мошне едноставни за реновирање.

Со применетите концепти значително се влијае врз трошоците за изградба и времето потребно за оформување на комплексната хотелска структура, како и намалување на трошоците за престој на денешното време обременето со економска криза, а воедно да ги задоволат потребите на современиот свет кој има потреба од чести патувања и краткотраен престој на одредена дестинација.

CitizenM хотели

www.ugostitelstvo.mk

Ланецот хотели CitizenM го започна бизнисот во 2007 година со едноставна филозофија. “Ние не си поставивме за цел да создадеме хотел. Ако тргнете водејќи се од оваа мисија, ќе треба да следите еден куп правила, затоа почнавме од соба”. Тие за изградба на собите користат префабрикувани контејнери кои ги поставуваат на традиционално изградена основа. Откако ќе се изгради основата, поставувањето на модуларните елементи и комплетирање на функционалноста на целиот објект трае само неколку месеци. Компанијата во текот на 2008 како експеримент почна со создавање материјал за два хотели, а потоа првиот хотел го постави во Амстердам во 2008 а потоа бизнисот го прошири во Глазгов, Лондон, Париз, Ротердам и Њу Јорк. Целта на концептот е да се намалат трошоците за изградба на хотелот и создаде услуга кон крајниот консумент за релативно ниска цена. Првиот хотел поставен во Амстердам содржи 230 соби, сакоја со површина од 14м2, сите префабрикувани и произведени во сопствената фабрика на citizenM.

Капсула хотели

www.ugostitelstvo.mk

Концептот на Капсула-хотели е за првпат развиен во Јапонија, со цел да обезбеди голем капацитет за ноќевање, за евтини цени  на патници кои на кои не им се потребни услугите што ги нудат повеќето конвенционални хотели. Првиот капсула хотел е поставен во Осака, Јапонија во 1979, а денес со коцепт широко распространет на територијата на Јапонија. Гостинските соби се сочинети со блокови од плексиглас со димензии 2×1,25m. Заради исклучително малиот постор во нив може да се смести само кревет а од дополнителната опрема во некои од нив се поставени ТВ апарати и конекција за безжичен интернет. Капсулите се поставеи една до друга, во две нивоа со скалила за пристап до второто ниво. Најмногу потстетуваат на фиоките кои се користат во мртовечниците. Багаж се чуваат во посебни простории за оваа намена а бањите се заеднички. Некои од хотелите се опремени со базени и други придружни простории за забава. Капсула хотелите варираат во големината од педесет до 700 капсули. Вообичаено ги користат машки посетители а многу често користат и како алтернативен престој за лицата кои се премногу пијани за да стасаат дома безбедно. Од почетокот на 2010 со настапување на светската криза, бројот на гости постојано се зголемува а околу 30% од капацитети ги користат лица кои немаат постојано живеалиште.

Крајбрежен хотел

www.ugostitelstvo.mk

Долги и тесни двокатни монтажни куќи во форма на транспортни контејнери се групирани по должината на морскиот брег на Јокохама. Дизајнирани се од јапонските архитекти од компанијата Јасуака Јошимура, и секоја единица се состои од два контејнера поставени еден врз друга. Контејнерите се разместуваат долж брегот како на гостите би им се овозможил различен поглед при секој нивни престој. Просторот меѓу гостинските соби обезбедува природна звучна изолација и приватност при престојот.

Слични написи