Да, млекото е здраво!

by ugostitelstvo.mk
жена пие млеко

Понекогаш се чини дека љубителите на здравата храна и здравиот живот постојано го менуваат своето мислење за млекото – дали е здраво за човечкото тело или пак не. Секоја година слушаме нови совети, застрашувачки факти и статистики кои не доведуаат во ситуација да се запрашаме дали навистина млекото е добро да биде дел од нашиот дневен оброк ?!

мускули

 

Одговорот е ДА, млекото е здраво, како и со многу прашања поврзани со храната, што навистина е здраво за вас тоа е многу лично. Зависи од начинот на вашиот живот, дали сте спортски активни, каков ви е метаболизмот, секако и дали сте алергични на некоја храна. Кога ги спомнавме алергиите, млекото може да се најде од повеќе видови животни па дури и од овошје, одберете го она кое одговара највеќе на вашиот начин на живеење. Овие се неколку интересни факти зошто млекото е здраво.

 

Може да помогне во ослободување од вишокот килограми

Индивидуалците кои сакаат да се ослободат од вишокот на килограми и доколку сакаат да ја задржат таа витка линија ќе бидат поуспешни доколку конзумираат млеко, а тој ефект ќе го имаат благодарение на витаминот Д и калциумот кој го има во млекото.

Може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања 

Пиењето на полу-масно млеко и останати млечни производи, придонесуваат во намалување на холестеролот, намален крвен притисок како и намалување на можноста за кардиоваскуларни заболувања кај возрасните.

Одредени видови на млеко ја подобруваат работата на мозокоткокосово млеко

Дали знаевте дека млекото може да ви помогне во развивање на вашиот мозок ? Пиењето на млеко од камила и коза имаат значително поголемо количество на гама-аминобутерна киселина, која помага за правилна и подобра функција на мозокот.

Кокосовото млеко помага во регулирање на крвниот притисок 

Кокосовото млеко е богато со манган (минерал). Кога нивото на манганот ќе се намали, тоа може да доведе до слаба толеранција на глукозата. Токму затоа треба да се пие кокосовото млеко кое ќе го регулира, а и нормализира крвниот притисок.

Може да ја спречи појавата на два тип дијабетес

девојка пие млеко

Испитување напревено неодамна покажа дека млечните производи кои содржат мал степен на маснотија можат да го намалат ризикот од појавување на дијабетес, бидејки млекото содржи висок степен на витамини и нутритивни вредности, кои ја одржуваат гликозата во крвта на безбедно ниво.

Токму поради овие 5 причини уживајте во млекото и конзумација на млечни производи и имајте здрав живот.

Слични написи