Чоколаден колач со вишни

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 6 јајца
  • 140 г. шеќер
  • 70 г. мелени ореви
  • 50 г. мелени бисквити
  • 50 г. путер
  • кесичка прашок за пециво
  • 250 г. вишни (без семки)
  • 2,5 дл. слатка павлака
  • лажица какао
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • сок од пола лимон
  • 5 мл. рум

Подготовка:

  1.  Добро изматете ги жочките со шеќерот, а потоа додадете чоколадо, ореви, какао и бисквити. Соединете, па измешајте во стопен путер, ванила, рум, сок од лимон и прашок за пециво.
  2. Посебно изматете ги белките во цврст снег и лесно соединете ги со масата од жолчки.
  3. Добиената смеса сипете ја подмачкана тепсија, а одозгора посипете ги вишните. Печете го колачот на 180 степени околу 45 минути.
  4. Готовиот колач посипете го со шеќер во прав и по желба послужете го со слатка павлака и прелејте го со стопено чоколадо. Нема да погрешите и доколку ги послужите со сок од вишни.

Слични написи