Чекор поблиску до англискиот појадок

by ugostitelstvo.mk

Постојат многу начини за подготовка на сланината тука се вклучени микропечката и фритезата, но од овие два избори старата и добро позната рерна е вашиот најдобар избор.

Причината зошто рерната е најдобриот избор е бидејки само тука можете да печете полека и на ниска температура. Брзото печење и на висока температура ќе ја исуши и изгори сланината, а верувам дека несакате тоа да биде дел од вашиот доручек. Без голем неред во вашата кујна вие можете да добиете крцкава сланина со златна боја, а за да го добиете тоа, потребно е да го направите следното:

  1. На тавчето за печење ставете хартија така ќе се поштедите од дополнително чистење на маснотиите.
    хартија за печење
  2. Не заборавајте дека една од најважните работи е сланината да ја ставите во ладна рерна. Наредете ја сланината на хартијата и ставете го тавчето во рерната и вклучете ја на 250 степени. Оставете ја сланината да се пече 20 минути, штом видите дека ја има потребната боја и е доволно крцкава извадете ја од рерната.
    печена сланина
  3. Откако ќе ја извадите од рерната, потребно е сланината да ја ставите во друга чинија која исто така ќе има хартија за остатокот од маснотијата да се впие во хартијата.
    сланина на хартија

Сега кога сте чекор поблиску до англискиот појадок на вас преостанува само да уживате во вкусната и крцкава сланина.

 

Слични написи