Состојки:
- Половина литар млеко
- 10 лажици шеќер
- 8 лажици брашно
- 250 гр. еурокрем
- 1 маргарин
- 1 кг бисквити
Подготовка:
- Сварете го млекото со шеќерот.
- Растопете 8 лажици брашно во малку млеко и додадете во садот со свареното млеко, притоа постојано мешајќи, со цел да не се направат грутки.
- Сварете го филот така што ќе добиете густа смеса како пудинг.
- Тргнете го тенџерето од оган и додадете еден маргарин и еурокрем. Мешајте додека состојките не се растопат.
- Секоја бисквита потопете ја во млеко и наредете ги на еден четвртаст плех.
- Потоа премачкајте со филот, и повторете ја постапката додека имате од состојките.
- На крајот завршете со кремот и посипете мелени лешници, ореви или чоколадни трошки.