Денеска започнува Белградски Саем за туризам 2015

by ugostitelstvo.mk

Денеска започнува белградскиот Саем за туризам кој ќе трае до 22 февруари 2015 година. 

Ова е еден од најголемите настани во Србија, но и во југоисточна Европа, кој постои веќе 30 години и ги исполнува сите светски стандарди. Министерството за туризам гради однос за квалитетна понуда и врска помеѓу присутните гости на овој саем и туристичките организации, кои секоја година привлекуваат се повеќе посетители.

Минатата година на саемот за туризам своите понуди ги изложија 1031 претставник, а бројот на посетители изнесуваше околу 62 илјади. Овој саем има меѓународен карактер, а тоа го докажа присуството на повеќе од 290 странски претставници од 53 земји.

Саемот за туризам е член на Европската асоцијација за туристички саеми – ETTFA од 2003 година. За успешноста и квалитетот на оваа манифестација говорат бројните награди и  добиени пофалници кои го прават овој саем најдобар во Србија и регионот.

37миот Саем за туризам ќе се одржи во Белград од 19ти до 22ри февруари 2015 година. Организаторите очекуваат повеќе од 1100 претставници, меѓу кои и претставници од Македонија.
 

Слични написи