Пита со јаболка

by ugostitelstvo.mk

Јаболката излупете ги и изрендајте ги на покрупната страна од рендето. Додадете го циметот и убаво промешајте.
Рерната загрејте ја на 180°С.
Двете врсти на шеќер ставете ги во еден сад и додадете го гризот па измешајте.
Земете една кора, попрскајте ја со зејтин, ставете од смесата шеќер-гриз. Врз неа ставете уште една кора, повторно попрскајте со зејтин па ставете од шеќерот измешан со гриз. Ставете и трета кора и повторете ја постапката со зејтинот и смесата шеќер-гриз.
Врз целата површина од третата кора ставате од ренданите јаболка кои претходно сосема малку ќе исцедите. Јаболката треба да имаат сок во нив за питата да биде посочна. Завиткајте внимателно ролат без притоа да притискате. Ставете во намастена тава за печење. Кај мене корите беа мали, па малиот ростер беше погоден за печење на питата. Повторете ја постапката со останатите кори. Во зависност од дебелината на корите можете и по четири кори да ставате за еден ролат.
Откако сте завршиле со роловањето, премачкајте ги ролатите со мешавина од зејтин и газирана вода. Исечете на парчиња и ставете питата да се пече. Кај мене беа доволни 40 минути.
Откако ќе се испечи, оставете малку да се подизлади, па вадете ги парчињата и посипете ги обилно со шеќер во прав.

Слични написи