Авокадо за кое што не сте слушнале

by ugostitelstvo.mk
авокадо

Покрај авокадото за кое што предходно имаме зборувано, овие кои се ‘заборавени’ се навистина вкусни, сочни, а и нова можност за љубителите на тостовите со ова овошје.

Па дали сте спремни повторно да зборуваме за авокадото и што треба да знаете ?!

авокадо

1. Mexicola

Ова мало и набиено авокадо е малку поблаго, а има помека кора од авокадото Hass. Како состојка во вашиот тост можете да направите сос или мешавина од магдонос и кромид, а сето тоа да го зачинете со црвен вински оцет, сол и свежо мелен пипер.

2. Queen

авокадо
Ова долго,  темно и посно авокадо дефинитивно е совршен дел од вашиот тост доколку внимавате на маснотиите. Со вкуот на свежина кој е многу сличен на краставицата, за најдобро да го почуствувате вкусот на ова авокадо користете ‘ржано лебче и димен лосос.

3. Pinkerton 

Специфично и различно ова авокадо е само поради формата која ја има. Тоа е долго, тенко, споредбено со останатите врсти за кои зборуваме. Нуди богат вкус, кое го прави поразлична и совршена целина. Испасирајте го и додадете малку свежо цеден лимонов сок и морска сол по желба, а подоцна потребно е само да уживате.

4. Zutano 

Оваа врста многу лесно можете да ја препознаете по својата светла и мазна кора. Додека пак својата големина не ја оправдува со специфичен вкус – деликатно и суптилно, со малку сладки, зачинети  и киселкасти ноти. Сепак вкусовите можете да ги надополните со парче портокал, свеж магдонос, малку лимонов сок и морска сол.

5. Fuerte 

авокадо
Со формата на крушка ова овошје всушност е првото кое пораснало во Калифорнија. Ви препорачуваме да го пробате со ‘ржан леб, тврдо варено јајце, маслиново масло, морска сол и дробени црвени чили пиперчиња.

6. Hass 

Златниот стандард за авокадото, оваа врста со 95% го држи пазарот во Калифорнија, токму и затоа е толку често достапна. Но ова авокадо својата популарност ја има поради неколку причини: масно, со богат вкус и како што имаат кажано за него ‘речиси сланинкасто’.

7. Sir-Prize – Surprise

Оваа врста има малку зеленчукаст вкус, речиси како зелена пиперка. Поради овој факт може, а и ќе биде одличен спој со додатоците кои имаат сладок вкус кои ќе помогнат да се избалансира горчливиот вкус.

Авокадото Hass може лесно да го најдете на пазарот, додека пак останатите шест врсти не се во толку големо производство кое резултира со ретка појава на пазарите во светот.

Слични написи