Започнува – “Адриатик Гастро Шоу” – Сплит

by ugostitelstvo.mk
UGOSTITELSTVO.MK

Меѓународниот фестивал со комплетна понуда за угостителството и туризмот ќе се одржи во Сплит почнувајки од 19-ти до 22-ри Февруари.

На овој фестивал се очекува да има излагачи од секторот на гастрономијата, угостителството и туризмот како и излагачи кои ќе ја покажат опремата за хотелско угостителските објекти.  Првичната идеа на организаторите е да им се овозможи на посетителите да можат на едно место да ја видат целокупната потребна опрема за еден туристичко-угостителски објект, почнувајки од мебел па се до технологија, добра храна и пијалок. Секако, тука не се изостава можноста во уживањето при дегустацијата на храната и пијалокот.

На повеќе од 8.000 метри квадратни ќе се појават натпреварувачи од Хрватска, Австрија, Германија, Италија, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, a манифестацијата ќе има и голем број на настани, почнувајќи од изложба на вино и алкохолни пијалоци, кулинарско шоу како и презентација и голем број на стручни предавања.

Слични написи