Започна Неделата на виното во Неготино

by ugostitelstvo.mk

Со дегустација на најдобрите вина и ракии произведени од индивидуални производители, денеска во Неготино почна манифестацијата Недела на виното, која традиционално се организира во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, заштитникот на лозарите.

Добивме 25 шишиња бело и 20 црвено вино, како и 18 мостри ракија, произведени во Тиквешијата. Најдобрите ќе бидат избрани од енолози од Здружението на винари кои моментно дегустираат и оценуваат, рече Ивица Златковиќ од локалната самоуправа Неготино, кој е дел од тимот што ја организира манифестацијата.

вино и грозје

Како што најави, утре ќе се одржат дегустациите и оценувањата на примероците вина и ракии произведени во винарии. Првпат оваа година наместо со пехари, најдобрите индивидуални производители ќе бидат наградени со буренца за вино и ракија, ножици за кроење винови лози, машинки за врзување лозови прачки, додаде Златковиќ.

Слични написи