Добро познато е дека ниту еден алкохолен пијалок не ги обединува луѓето како пивото. Скоро секоја земја во светот има пиво како своја препознатливост, а честопати е и еден од препорачаните пијалоци што задолжително треба да се дегустираат доколку сте во посета на некоја земја. Секое пиво се одликува со свој единствен вкус и арома. Токму затоа ширум светот се одржуваат големи фестивали посветени на овој пијалок, а овие се петте најпознати фестивали во Европа кои би можеле да ги посетите.
OKTOBERFEST – Германија
Со 6 милиони посетители годишно, нормално е овој фестивал да се најде на врвот на листата како најголем настан од ваков вид, а воедно и најстар. Уште од 1810 година улиците во Минхен секоја есен се домаќини на бројни гости, кои го слават пивото. Доколку сакате да го пробате најубавото пиво и да бидете дел од незаборавен настан, почнувајки од 19 ти Септември па до 4 ти Октовмри посетете го Минхен и споделете едно поразлично искуство.
THE GREAT BRITISH BEER FESTIVAL – Обединетото кралство
За разлика од Oktoberfest каде се нудат само пива кои потекнуваат од Германија, овој фестивал располага со повеќе од 800 врсти на флаширано пиво од целиот свет. Изминатата година овој настан привлече повеќе од 55 илјади посетители во London Olympia. Оваа година овој настан ќе се одржи од 11 до 15 Август.
THE BELGIAN BEER WEEKEND – Белгија
Дел од Брисел се трансформира од пазар во пивски рај кога почнува пивскиот фестивал. Познато е дека Белгиските пива се едни од најдобрите во светот, а токму поради овој факт овој фестивал го прославува тоа со повеќе од 350 пива кои им се на располагање на посетителите. Овој традиционален фестивал се одржува во првата седмица од Септември.
PILSNER FEST – Чешка
Годинава е голем јубилеј за еден од чешките пивските брендови. Pilsner Urquell прославува 200 години активно производство на едно од најбараните пива на пазарот. На овој фестивал покрај музиката, пиењето пиво се одржуваат и тури – презентации како се произведува пивото. Фестивалот традиционално се одржува на 5 ти Октвомври.
STOCKHOLM BEER AND WHISKY FESTIVAL – Шведска
На овој фестивал се прославуваат и пијат два пијалока. Додека шведските пивари можат да ви понудат врвна класа на Шведско пиво исто така можете да уживате и во висока класа на виски. Фестивалот е поделен на два дела, првиот се одржува од 25 ти до 27 ми Септември, а вториот дел од 2 ри до 4 ти Октовмри.