Здраво за срце и препорачано за добро расположение – Guinness

by ugostitelstvo.mk
ugostitelstvo.mk

Guinness e суво меко пиво кое потекнува од пивата на Arthur Guinness сместени во St. James’s Gate, Dublin.

Познато е дека овој бренд на пива е еден од најпознатите во светот. Се произведува во повеќе од 60 земји, а е достапно во повеќе од 120. Годишно од овој темен пијалок се продава вкупно 850 милиони литри.

www.ugostitelstvo.mk

Предноста на овој пијалок е вкусот кој се добива од печениот јачмен, а исто така ова е модерен развој во оваа индустрија кој не се користел се до средината на 20-тиот век. Густата и мека пена при точењето на пивото се добива со мешање на азот додека пивото излегува од боците.

Составот на ова пиво го сочинуваат: вода, јачмен, хмељ и пивски квасец. Еден дел од јачменот кој се состои во пивото е печен со цел пивото да ја добие темната боја и автентичниот вкус. Ова пиво е познато како “оброк во чаша” бидејки содржи 198 килокалории малку повеќе од полу-масното млеко, сокот од портокал и останати темни пива.

www.ugostitelstvo.mk

Поради големата популарност на ова пиво извршени се многу истражувања, а едно од нив докажува дека конзумирањето на ова пиво во одредени количини е голем бенифит за срцето, бидејќи антиоксидантот кој се содржи во пивото е сличен на оној кој го содржат овошјето и зеленчукот, а го намалува таложењето на холестеролот во артериите.

Слични написи