Во најава е првиот “Интернационален куп на готвачи на Европските регии” – 2015

by ugostitelstvo.mk
skmer-logo (1)20 – 22 Февруари

Макарска, Хрватска


 

Балканскиот регион во 2014 година ќе биде запаметен по Biser mora-Supetar , Prvenstvo kuhara, Balkan kup, Bosanski dukat кои ги прогласија петте најдобри готвачи од регионот, а во најава е уште една манифестација која ќе се одржи за прв пат оваа година.Четирите манифестации беа богати со натпреварувања од различни категории и подготовка на јадења и десерти каде готвачите можеа да ги покажат своите вештини. Со завршниот збор на стручното жири, во целокупното натпреварување имаше медали само за 5те најдобри. Токму тие пет победници ќе бидат дел од првиот „Интернационален куп на готвачи на Европските регии“ кој ќе се одржи во Макарска од 20 до 22 Февруари 2015 година, а од сите натпреварувачи само еден ќе се закити со титулата – Најдобар интернационален готвач за 2015 година.

Слични написи