Покрај сите светски локации и дестинации кои треба да се посетат во 2015 година, ова е листа на 10 села во нашата земја кои се препорачани да ги посетите, а ќе ве чинат многу помалку од едно патување во Шпанија или Италија.
1. Смоларски водопад
Водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на рекатаЛомница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски Водопад.
2. Водоча
Во почетокот на 9 век, за време на византискиот император Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тибериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбина.Една месна легенда раскажува дека ослепувањето на војниците станало западно од Струмица, кај селото Водоча чие што име, наводно, произлегло од двата збора: „вади очи“.
3. Кокино
Село во Општина Старо Нагоричане. Во близина на селото се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино. Во 2001 година во Република Македонија, под планинскиот врв Татиќев Камен во општината Старо Нагоричане, беше откриен археолошки локалитет од бронзенато доба во развојот на човековата цивилизација. Пронајдените артефакти во археолошките кампањи, како и спроведената археоастрономска анализа во годините кои следеа, покажаа дека локалитетот ги има сите карактеристики на митска света планина, но и на древна опсерваторија. Денес овој локалитет е познат под името Мегалитска опсерваторија Кокино или едноставно Кокино.
4. Црква „Св. Великомаченик Георгиј“ – Старо Нагоричане
Средновековен македонски православен христијански црковен храм кој се наоѓа во селото Старо Нагоричане во околината на Куманово. Овој средновековен храм се истакнува по својата импозантна голема (базиликална) градба, одлично зачуваниот фрескоживопис, камениот иконостас и положбата на иконите на него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчињски во непосредната близина.
5. Берово
Град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 км. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани. За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села.
6. Крива Паланка – Свети Јоаким Осоговски
Град во североисточниот дел на Република Македонија, сместен под падините на Осоговските Планини на двата брега на Крива Река. Во непосредна близина на градот се наоѓа граничниот премин Деве Баир кон Република Бугарија. Крива Паланка од Куманово е оддалечена 60 км, а од Скопје 100 км во источен правец. Класичниот дел од приказната за Манастирот Св. Јоаким Осоговски вели дека манастирот се наоѓа на неколку километри од Крива Паланка, на падините на Осоговските Планини. Манастирот е познат и по името Сарандопор – по местото каде што е граден.Нудејќи ја можноста да се почувствува како минатото и историјата живеат во сегашноста, тој плени со својата духовна, архитектонска и уметничка естетика и вредност. По подигнувањето, манастирот постојано привлекувал внимание, при што бил посетуван од важни историски личности. Меѓу нив се спомнуваат Стеван Дечански, турскиот султан Мехмед II, и други.
7. Марков Манастир
Македонски православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија. Капијата на манастирот е искована од масивно дрво. Веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци и други помошни простории. Покрај конаците се наоѓа уште и фурна, казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица која е сочувана како секавање на времето кога житото се мелело на таков начин. Името на манастирот е добиено по популарниот јунак Крале Марко.
8. Археолошки локалитет – Цоцев Камен
Вулканска карпа која во праисторијата се користела како мегалитска опсерваторија. Се наоѓа во атарот на селото Шопско Рударе, поточно во близина на маалото Цоцевци и селото Коњух. Самата карпа се издвојува од околните ридишта е интересна сама по себе. Видливи се и остатоци од човечка обработка.На стотина метри источно од Цоцев камен се наоѓаат мегалити кои служеле како сончеви и месечеви нишани. На врвот на карпата се наоѓа престол свртен на исток кон нишаните, од каде што може да се следи во која точка изгрева Сонцето и Месечината и според тоа да се формира сончев календар. Мегалитите имаат дополнителни врежувања врз нив и во непосредна близина се најдени изработени месечиви во голема димензија, што претставува сведок за тоа дали еден објект претставува опсерваторија.
9. Баргала – Штип
Древен град во Македонија, лоциран во близината на Горни Козјак покрај Козјачка Река, оддалечен 12 километри североисточно од Штип. Античкиот град Баргала се наоѓа на 12 км североисточно од Штип, во во близината на Горни Козјак, крај Козјачка Река во подножјето на планината Плачковица. Локалитетот, до кој води асфалтен пат, може да се посети и во вечерните часови, бидејќи тој е целосно осветлен. Името Баргала е од тракиско потекло, а неговото етимолошко потекло се врзува за реката Брегалница. Истражувањата на овој локалитет за првпат се започнати во 1966 година, под раководство на Блага Алексова. Во седумдесеттите години на XX век, на локалитетот работела југословенско-американска екипа и тогаш е откриена епископската базилика.
10. Дојранско Езеро
Најмало тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел (27,3 км²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км²) на Грција. Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 м и просечна длабочина од 6,7 м.. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло.
avg internet security 2018 license key [lifetime]
xvideostudio video editor apk201 crack