Уникатните ложи на Светот

by ugostitelstvo.mk
ugostitelstvo.mk

Со проектот “Единствените ложи на Светот” National Geographic динамично се впушти во хотелскиот бизнис со колекцијата од 24 избрани одмаралишта, опишани како “концепт на сонувачите”, наместо “едноставно хотели”. Изборот е направен внимателно, базирајќи се на имагинативниот дизајн, еко-систимите и локалната култура. Од пустинската оаза на врвот на планината Kasbah до грчкиот остров Santorini, оваа листа содржи не само хотели, туку уникатни домови кои се предизвик на имагинацијата, а со нивниот дизајн и осмислени детали, основани на потребата да се заштитат културите и скапоцени еко-системи кои ги опкружуваат.

24-те објекти се наоѓаат на шест континенти, избрани преку ригорозен процес на оценување од страна на експертите на National Geographic кои ги посетиле локациите со цел да го запознаат начинот на организација и делување, да го запознаат персоналот и анализираат нивното влијание врз животната средина. Единственото одморалиште од оваа листа кое е избрано од Европа се наоѓа на грчкиот остров Санторини.

Доколку сте во потрага по парче од рајот на Земјата и сакате да поминете луксузен одмор со цел да го избегнете градскиот хаос, и секако доколку тоа може да си го дозволите, ова е листа на извонредни дестинации кои ќе ви го одземат здивот.

[metaslider id=5192]

Слични написи