Тробојно макало

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 2 парчиња авокадо, исецкани
  • 2 лажички сок од лимета
  • 1 лажица ситно сецкан кориандер
  • 200 мл кисела павлака
  • 150 мл доматна салца
  • 100 гр. сирење
  • пченкарен чипс

Постапка:

Изматете го излупеното и исецкано авокадо во блендер. Потоа додадете сок од лимета и ситно сецкан кориандер.

Во длабок сад за сервирање ставете ја смесата од авокадо. Врз авокадото рамномерно додадете ја павлаката. Потоа додадете доматна салца. Одозгора изрендајте бело сирење по ваш избор.

Послужете го макалото веднаш со пченкарен чипс.

Слични написи