Торта од кајсии и бисквити

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  •  5 дл. слатка палака
  • 3 кесички шлаг
  • чаша кисела павлака
  • 200 г. бисквити
  • 300 г. мелени бисквити
  • ½ кајсии од конзерва
  • 5 дл. млеко
  • чоколадо за готвење
  • шеќер по вкус

Подготовка:

1. Изматете ја слатката павлака, потоа шлагот со млекото и во сето ова додадете ја киселата павлака. Соединете, па поделете на два дела.
2. Во едната половина шлаг додадете ги мелените бисквити. Целите пак, натопете ги во загреано млеко и редете ги во сад за торта. Потоа ставете над нив половина од филот со бисквити, и прекријте со исцедените парчиња кајсии. Над нив прекријте со другата половина од филот.
3. Целата торта прекријте ја со другата половина од шлагот и украсете со рендано чоколадо или некој друг сладок додаток.

Слични написи